Овие се 7-те препораки на УНЕСКО, кои Струга треба да се исполни:
1. Да се продолжи со плановите за имплементација за што поскоро враќање на реката Сатеска на реката Црн Дрим и да се обезбеди целосна реконструкција на реката Сатеска.
2. Следење и контрола на испуштањето на езерските води во реката Црн Дрим од страна на ЕСМ и обезбедување на имплементација на најдобрите практики во меѓугранично управување со води.
3. Да се затворат сите диви депонии како Буково и други места во Струга и околината.
4. Да се направи сеопфатна компаративна студија на алтернативни правци за железницата
Коридор VIII, патишта и железници кои минуваат низ Струга.
5. Зајакнување на меѓуграничната соработка за следење на биодиверзитетот и квалитетот на езерската вода и воспоставување заеднички активности за управување како што е договорената риболовна квота заедно.
6. Преземање ефективни мерки за заштита на центарот на стариот град на Охрид и Струга.
7. Зградите во близина на езерото во Струга, да се провери дали се изградени според критериумите.
Берат Села, експерт по екологија, вели дека проблемот е во лошото менаџирање на институциите со ресурсите кои ги поседуваме. Притоа додавајќи дека трите главни параметри за одржување на овој статус се објектите што се градат до езерото да бидат оддалечен најмалку 50 метри од крајбрежјето, да поседуваат документи за градба или дозвола од Министерството за култура или од Управата за заштита на културното наследство и последниот објект што е изграден не треба да го попречува погледот на објектот зад него. Но, на терен речиси ниту една од овие три препораки не е испрочитувана со досегашните градби.
„Управувањето со трските е многу важно, во некои делови трската се зголемила и над 200%, конкретно ги имаме во струшкото езеро во делот на женската плажа, не можеме да дозволиме трската да ја окупира целата плажа на Струга бидејќи нормално од тоа леѓето таму живеат и заработуваат од тоа, потоа го имаме делот на Подмол или делот што е на општина Дебрца, го имаме делот на Охрид, потоа друг проблем е управувањето со концесиите, објектите или делови од езерото што е дадени под концесија мора да се управуваат правилно или добро, луѓето што ги добиваат концесиите мора да се придржуваат до правилата што се утврдени со закон и третото е изградба на туристички и приватни објекти, проблемот е што приватниот сектор е многу посилен економски и барањата се многу поголеми отколку што државата може да следи“, додаде Берат Села.
Аријан Мероли, експерт за заштитени подрачја, вели дека проблемите што се појавија се сложени и тоа е причината за вистинската нефункционалност на билатералните структури. Некои од точките на несоодветно управување со имотот се: недоволни човечки и финансиски капацитети, прекумерна и несоодветна урбанизација, масовен туризам, низок квалитет на зградите во урбаните и крајбрежните области, губење на традиционалната и народна архитектура, големи инфраструктури проекти, губење и фрагментација на живеалиштата, загадувањето (на земјата, водата, воздухот), еутрофикација на водите, климатски промени, прекумерен риболов и губење на рибниот фонд, замена на автохтоните видови со агресивни туѓи видови итн.
„За мене проблемите што се појавија се сложени, тоа се проблеми поради реалната нефункционалност на билатералните структури, вториот е проблем кој исто така има врска со подигнување на капацитетите на граѓанското општество, подигнување на капацитетите на локалните структури за да бидат кохерентни за состојбите и да знаат, да ги препознаат сите обврски што ги имаат за овој статус, што според мене е само статус што нема негативен ефект за регионот, напротив, отвора перспектива да има одржлив развој“, порача Ариан Мемоли.
Села смета дека состојбата за неисполнувањето на препораките на УНЕСКО е најлоша во Охрид, врз основа на анализите. Тој вели дека соодносот е 10 спрема 1.
„Во однос на Охрид и Струга, јас би рекол дека Охрид стои полошо. Врз основа на анализите што ги направивме ние како здружение, соодносот е некаде 10 спрема 1, доколку во Охрид се изградени 10 објекти во Струга е изграден 1“, вели Берат Села.
Малку се точките кои се спроведени според извештајот што го обезбеди ТВ21. Од 19, само 3 се целосно спроведени, а некои други се или на половина или воопшто.
Во врска со тоа што презела општина Струга за исполнувањето на извештајот на УНЕСКО, побаравме став од општина Струга и градоначалникот Рамиз Мерко. И покрај тоа што му пративме неколку пораки и му се јавивме, Мерко не ни одговори.
