Што се случи со Лојане – Миратовце? – Вучиќ: Отворањето на границата подразбира дополнителни трошоци

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Граничниот премин Лојане – Миратове се уште не е отворен. Многу ветувања но не и реализација  на терен. Во текот на денешната средба со Заев, Вучиќ беше прашан кога ќе биде отворен граничниот премин Лојане – Миратовце кој жителите од двете земји цел живот го чекаат. Претседателот Вучиќ рече дека тоа не е политичка пречка но доколку се отвори граничниот премин, ќе има дополнителни трошоци.

„И јас разговарав за тоа и Зоран покажа заинтересираност, постои заинтересираност  посебно од Албанците кои живеат во двете страни на границата Лојане и Миратовце и ние правиме се што е можно за таму да се отвори граничен премин. Тоа не е толку едноставна и лесна работа, не поради политичките причини, туку треба да се платат и лицата кои таму ќе работат секој ден, а тоа се додатни трошоци а ние гледаме да ги намалиме трошоците, но не грижете се ќе ја завршиме и таа работа“, вели Александар Вучиќ.

Генералниот секретар на Владата,Мухамет Зекири на почетокот на месецот имаше средба со градоначалникот на Прешево, Шќиприм Афири.  Тој рече дека тема на разговорите на средбата било и отворањето на граничниот премин Лојане – Миратовце. Пред неколку недели Зекири во интервју за Њуз тв рече дека работите што требало да ги заврши нашата земја за отворањето на граничниот премин, веќе се завршени.

„Тоа не зависи само од нас, најмногу зависи од властите во Белград. Двајцата министри минатата година го потпишаа договорот за отворање на граничниот премин. Ние сме во контакт и со градоначалникот на Прешево, постојано. Во интерес на двете земји е што поскоро отворање на граничниот премин. Од наша страна техничките работи се завршени и немаме пречки, чекаме само позитивен одговор од Белград дека и тие од таму се подготвени и отворањето на границата ќе се одвива во две фази“, посочи Мухамед Зекири.

Договорот кој се уште не се спроведува го потпишаа во 2019 министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот колега од Србија. Жителите на Лојане и Миратовце веќе 30 години чекаат да се отвори границата.

Жителите од двете држави мораат да патуваат по 75 км за да стигнат кај своите најблиски, а со отворање на граничниот премин ќе можат да ја минат границата многу полесно.