Специјалниот пратеник на германската влада за Западен Балкан, Мануел Саразин вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговаравме за самитот кој ќе се одржи наскоро во Берлин.
На прашање за тоа какви се очекувањата од овој самит, и што треба да очекува Балканот, Саразин вели дека тој лично очекува добар самит.
„Сакаме да испорачаме конкретни чекори. Дури и сакаме да постигнеме одредени напредоци што никој не очекуваше дека ќе биде возможно. Ќе направиме нешто за енергетската солидарност и зелената агенда. Ќе направиме нешто големо на заедничкиот регионален пазар, се надевам. И сакаме да направиме нешто за ??? и киберсигурноста“, вели Саразин.
Тој додава дека пробува да ги подигне очекувањата зашто ако сакате да направите нешто добро, треба и добро да го продадете.
„Изгледам уморно затоа што се подготвуваме со месеци и недели. Уморен сум, но возбуден“, порача Саразин.
На прашање од модераторот за тоа кој се ќе присуствува на овој самит, Саразин додава дека очекува сите да дојдат.
„Мислам дека сите ќе дојдат, но не знам дали сите потврдиле официјално. Затоа реков дека очекувам“, вели Саразин.
