Што треба да знаете во текот на гласањето? Овие се упатствата за гласање на претседателските избори

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Државната изборна комисија пред утрешниот прв круг на претседателските избори објави упатство за гласање кое е доставено на македонски, албански, турски, српски, ромски и влашки јазик. Упатството содржи 18 точки а се однесува на правилата и однесувањата на изборниот ден.

  1. Гласањето се врши лично на гласачките места во Република Северна Македонија и во ДКП/КК.
  2. Избирачкиот одбор на гласачите им го објаснува начинот на гласање и им овозможува да гласаат.
  3. Гласачот може само еднаш да се појави на гласачкото место за остварување на своето избирачко право.
  4. Гласачот го приложува документот за лична идентификација – важечка лична карта или патна исправа, односно лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од 24 јули 2023 до 24 април 2024 година.
  5. Гласачот става отпечаток од показалецот од десната рака на уредот за биометриска идентификација, а доколку гласачот нема десен показалец се зема отпечаток од показалецот од левата рака или во случај на гласачот да му недостигаат овие два прста се зема отпечаток од наредниот прст од десната рака.
  6. Доколку гласачот нема две раце гласачот се внесува во техничката опрема со пребарување преку неговиот единствен матичен број (ЕМБГ).
  7. По потврдувањето на идентитетот, гласачот го става својот потпис во изводот од Избирачкиот список.
  8. Гласачкото ливче се откинува од кочанот по нумерички редослед, му задолжително се става печат на предната страна на местото определено за печат и потоа му се дава на гласачот.
  9. Гласачот добива едно гласачко ливче.
  10. Гласачот гласа сам, тајно зад гласачки параван.
  11. Гласачот гласањето го врши на тој начин што го заокружува редниот број пред називот/името на листата со хемиско пенкало со мастило во сина боја.
  12. Превитканото гласачко ливче гласачот го става во гласачката кутија.
  13. Гласачот го подигнува документот за лична идентификација.
  14. Забрането е семејното и групното гласање, како и гласањето за друго лице.
  15. Забрането е фотографирање на гласачкото ливче со мобилен телефон или апарат за фотографирање.
    Како и тоа дека е
  16. Забрането носење оружје на гласачкото место.