Што зборуваше Ахмети пред изборите: Ќе има големи преговори, Мала Речица ќе стане најпозната во регионот (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред изборите лидерот на ДУИ Али Ахмети гостуваше на изборните дебати во ТВ21. Тој прашан од нашата телевизија што ќе се случи доколку СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ победат на изборите, и не прифатат Насер Зибери да биде премиер.

Ахмети на тоа коментираше:

„Ќе има големи преговори. Ќе има големи преговарачки маси, Мала Речица ќе стане најпознатото место во регионот. Онака како што се случи пред 4 години, како да е организација на ОН“, рече Ахмети.