Што значат гаранциите кои се бараат од страна на Бугарија? Одговара Ѓорчев – поранешен амбасадор на РСМ во Бугарија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот амбасадор на Македонија во Бугарија, Марјан Ѓорчев вечерва во емисијата „10 минути“ на ТВ21 ги коментираше гаранциите кои ги бара Бугарија, додавајќи дека тоа се прави поради одреден притисок од некои членови во ЕУ.

„Тоа што го кажа претседателот Радев е само би рекол отстапница за бугарските ставови кои што се тврди и веројатно под притисок на некои членови на ЕУ, тие сега бараат одредени постапки како би ја задржале својата позиција и бараат гаранции за нешто за што ЕУ не може да даде гаранции“, рече Ѓорчев во интервју за ТВ21.

Тој додава дека не може Европската унија да даде гаранции за Македонија, а барањето го гледа како изговор за ново бугарско вето на Советот на Европа.