10 дневно бебе е најмладиот пациент со коронавирус во Македонија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Најмладиот позитивен пациент со ковид-19 е 10 дневно бебе. Бебето е позитивен од мајката а и двајцата се третираат во Институтот за белодробни болести Козле. Нивната здравствена состојба е добра, извести директорот на ова болница Бесник Зеќири, кој вели дека наскоро ќе бидат пуштени на домашно лекување. Хоспитализирани со ковид-19 се и едно месечно и две месечно бебе од вкупно 22 деца. Бројот на деца заразени со корона вирус и кои одат на преглед во Козле е загрижувачки, вели Зеќири.

„Најмладото дете за жал е многу малo, неговата состојба е добра, стабилна и има само 10 дена. Од неговото раѓање е позитивен и секако тоа е од неговата мајка која беше позитивна. За среќа и двајцата се добро, но треба да бидат под болнички надзор“, посочи Бесник Зеќири.

Здравствената состојба на децата е генерално добра. Најзагрозени се децата на возраст од 10 до 16 години, особено оние со прекумерна тежина, изјави директорот Бесник Зеќири за ТВ21. Главниот фактор за влошување на состојбата е дебелината, бидејќи децата од овие возрасти се хранат со брза, односно нездрава храна, вели Зеќири.

„Општо немаат други болести од тие 22 деца, само 2 помали деца имаат други хронични болести, значи од нивното раѓање. И покрај тоа што имаат други болести, нивната здравствена состојба е добра, стабилна. Кај повозрасните деца, како знак или компликација на болеста е дебелината“, додава Бесник Зеќири.

Директорот на болницата апелира родителите да се вакцинираат со цел да не дојде до заразување на децата со овој вирус. Според извештајот на ИЈЗ за минатата недела, што се однесува до возрасната група од 0-9, за една недела се евидентирани 125 позитивни случаи.

Инаку Институтот за белодробни болести Козле е претворен во Ковид Центар каде се лекуваат децата кои се сомнителни и позитивни на Ковид-19.