Сојузната агенција за здравство на Швајцарија, симна четири земји од „црвената листа“, односно жителите на овие земји при влез во земјата нема да имаат обврска на задолжителен карантин.
На оваа листа се симнати Србија, Данска, Грузија, Хрватска и Луксембург.
Според режимот, во Швајцарија и натаму не смее да се патува во земјата од туристички причини, туку само доколу се има работна дозвола или дозвола за постојан престој од други причини, па дури и за оние за кои нема задолжителен карантин.
Македонија не е на црвената листа од декември минатата година.
Во Швајцарија на задолжителен карантин се подложни некои европски земји како Холандија, Велика Британија, Шпанија, Португалија, Словачка, Шведска, делови од Германија, Италија и Франција, Чешка, Црна Гора, Литванија, Летонија, Кипар, Естонија.