Шведска апелираше до Европската комисија да го забрза членството на Украина во ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шведска ја повика Европската комисија да даде предлози за унапредување на пристапот на Украина во Европската унија, откако Унгарија се закани дека ќе стави вето на влезот на Киев во европскиот блок.

„Нашиот министер за прашања на ЕУ и нејзините колеги од нордиско-балтичките земји ја повикаа Европската комисија да даде конкретни предлози за унапредување на процесот на пристапување на Украина во ЕУ. Унгарија не треба да ги забави преговорите за членство на Украина“, објави Шведската амбасада во Украина на социјалната мрежа Х.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во саботата изјави дека земјата ќе го блокира влезот на Украина во ЕУ додека на унгарската заедница во Закарпатија не се вратат „правата одземени во 2015 година“.