Љупчо Шврговски, адвокатот на Сашо Мијалков после пресудата за „Таргет Тврдина“, рече дека казната за клинетот е драконска, и дека основата за притвор е незаконска.
„Казната е драконска, да се даде максимум за секое обвиниение, нема да најдете во аналите каде што за секое дело е дадена максимална казна затвор“, рече Шврговски, кој за притворот коментираше:
„Во однос на одлуката на судот за притвор, мислиме дека е спротивнa од законот, бидејќи при определена мерка домашен притвор, без притоа да биде повредена обврска, да се донесе мерка притвор, сметаме дека е спротивно на член 470, бидејќи Мијалков е обезбеден, се наоѓа во домашен притвор, и не може да се даде во бегство“, рече Шврговски.
