Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун го пропуштил роденденот на неговиот дедо на 15 април, поради влошено здравје, пренесуваат американските медиуми меѓу кои и „Си-Ен-Ен“.
„Си-Ен-Ен“ пренесува дека постои загриженост поради состојбата на Ким, потпирајќи се на неименуван американски функционер.
Медиумите во Јужна Кореја пренесуваат дека Ким бил на кардиоваскуларна хируршка процедура, и во целина се опоравил, но и дека и понатаму е под медицински третман во болницата во Хјангсан која е посветена на фамилијата на Ким.
Официјални изјави од Северна Кореја нема.
