Си купила мало бело маче кое подоцна прераснало во огромен мачор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

 Кога Русинката Јулија Минина, нејзиниот сопруг и двете деца си вдомиле мало маче, таа немала поим дека ќе заврши со миленик тежок 12,5 килограми, за којшто верува дека е најголемиот мачор на светот. Нејзините ќерки го нарекле Кефир…

-Никогаш досега не сме имале мачка. Гледавме реклами и случајно видовме мало бело маче. Веднаш се вљубив во него, вели таа.

Меѓутоа, кога отишла да го земе, малку се разочарала, бидејќи тој ѝ бил поубав на фотографиите. – Никој не ни помислуваше дека „грдото пајче“ ќе прерасне во „големо бело чудовиште“, вели таа.

Кефир ужива во друштво на сопствениците, па за година и 10 месеци ја утроил неговата тежина. Семејството вели дека овој мачор е многу паметно животно.

Патем, неговата раса „Мејн кун“ важи за најголемиот вид питоми мачки во светот и најстара природна раса мачки во Северна Америка. Таа е официјално државно животно на американската сојузна држава Мејн.

– Оваа раса расте 3 – 4 години. Мислам дека мачорот ќе биде уште поголем, рече Јулија.

Таа истакна и дека многумина не веруваат дека се работи за вистинска мачка, туку мислат дека фотографиите се „Фотошоп“.

– Многумина сакаат и да го купат, но тоа не е в ред. Никогаш нема да го напуштиме, нагласува Јулија.