Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во емисијата „За или против“ за ТВ Алфа зборуваше за моменталната ситуација во правосудството.
„Досега гледаме судии кои не се гаранција за владеење на правото. Собранието може да посегне по надзорна расправа, по интерпелации на судиите, но мора и тука да се внимава за законот, затоа што не може со превид на законските норми или со кршење на законските норми да гарантирате законитост. Мислев дека после сето она кое се случи во Судскиот совет, најголемиот дел од нив ако навистина беа доблесни ќе си поднесеа оставки“, изјави претседателката Сиљановска-Давкова.
