Сиљановска-Давкова: Придавката „македонски“ не може да се забрани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Преспанскиот договор јасно ја регулира употребата на термините за државните институции, но употребата на придавката „македонски“ во однос на идентитетот и народот не може да се забрани, истакна Гордана Сиљановска Давкова, одговарајќи на новинарски прашања поврзани со вербалната нота доставена до амбасадорот на Бугарија во земјава поради изјавата на бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова Чамова, која го употреби терминот „северномакедонски“.

Сиљановска-Давкова нагласи дека нејзиниот став кон Преспанскиот договор не е променет и додаде дека потписниците на документот треба први да инсистираат на негово целосно почитување во меѓународните односи.

„Не е забранета, ниту може да се забрани употребата на придавката „македонски“. Всушност, тоа е и дел од самиот договор. Сега, тие што го поддржале и го потпишале договорот, треба први да покажат почитување кон него“, рече Сиљановска-Давкова.