Сиљановска-Давкова во Ерменија на Самитот на Европската политичка заедница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Ерменија, каде што учествува на 8. Самит на Европската политичка заедница, кој годинава се одржува во Ереван.

Самитот се одржува под мотото „Градење на иднината: единство и отпорност во Европа“, а се очекува да собере бројни европски лидери за дискусија за актуелните политички предизвици, безбедноста, економската соработка и перспективите за европска интеграција.

Според официјалните информации, за време на престојот во Ереван, претседателката Сиљановска-Давкова ќе оствари низа билатерални средби со свои колеги и високи претставници на земјите учеснички, со фокус на зајакнување на меѓународните односи и унапредување на регионалната соработка.

Учеството на овој самит се смета за важна можност за промоција на стратешките приоритети на земјата и за продлабочување на политичкиот дијалог на европско ниво, во време кога континентот се соочува со бројни геополитички и економски предизвици.