Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Филипините во средата, соопшти Германскиот центар за геолошки истражувања (ГФЗ), додека властите предупредија за можни штети и последователни потреси.
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти ГФЗ.
Филипинската сеизмолошка агенција PHIVOLCS соопшти дека земјотресот го погодил северниот град Банги во провинцијата Илокос и предупреди на можноста од последователни потреси и штети од земјотресот.
Земјотресите се вообичаени на Филипините, кои се наоѓаат на „Огнениот прстен“, појас од вулкани што го опкружува Тихиот Океан и е подложен на сеизмичка активност.
