Силен земјотрес ги потресе граѓаните на Босна и Херцеговина и Црна Гора

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силен земјотрес утрово околу 4 часот и 6 минути ги разбуди граѓаните на Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Земјотресот траел неколку секунди.

Според податоците на ЕМСЦ, епицентарот бил на 22 километри североисточно од Билеќа. Земјотресот е почувствуван во Сараево, Бања Лука, Зеница и други градови.

Корисниците на уредите со Android добија предупредување за земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Американскиот сеизмолошки центар потоа измери 5,4 степени.

Според сведоштвата на граѓаните, земјотресот траел речиси десет секунди, а потоа во два брана. Епицентарот на земјотресот бил во близина на границата на БиХ и Црна Гора, на длабочина од 7,6 километри.

Граѓани од повеќе градови известуваат дека почувствувале силно тресење на земјата. Засега нема информации за штети, а повеќе ќе се знае претпладне.

Земјотресите над 5 степени според Рихтеровата скала се сметаат за умерени и предизвикуваат оштетувања на послабите објекти во руралните региони, можни помали оштетувања на модерните згради. Потоа следеа уште два земјотреси, но со помал интензитет – околу три степени според Рихтеровата скала.