Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди северниот дел на Мароко, јави агенцијата МАП.
Земјотресот се случи во 23:48 часот по локално време во провинцијата Уезан, соопшти Националниот институт за геофизика.
Епицентарот на земјотресот бил во општина Брикча, 200 километри североисточно од главниот град Рабат.
Земјотресот, сепак, ги натера жителите на неколку градови, вклучително и Рабат, да излезат на улиците поради страв од дополнителни последователни потреси, пишува „Фигаро“.
