Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала се случи рано утрово на морето југоисточно од островот Велигден во Чиле.
Центарот за предупредување за цунами не издаде предупредување, пренесува Ројтерс.
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, а епицентарот бил на 1.483 километри од Велигденскиот остров, објави Американскиот геолошки институт.
