Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа северно од Хондурас во Карипското Море, објавија бројни меѓународни истражувачки центри. Американскиот геолошки институт (USGS) соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри и бил со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала. УСГС додаде дека епицентарот се наоѓал на околу 200 километри југо-југозападно од Џорџ Таун на Кајманските Острови.
Ова е најсилниот земјотрес во регионот од 2021 година, кога земјотрес од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Хаити, соопшти американската Национална океанска и атмосферска администрација.
Американскиот систем за предупредување од цунами соопшти дека по земјотресот важело предупредување за цунами во Карипското Море и северно од Хондурас, додавајќи дека не се очекува цунами на американскиот брег на Атлантикот. Тој систем издаде и предупредување за цунами за Порторико и Девствените Острови.
