Силен земјотрес на Курилските острови – се тресеше со јачина од 6,7 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтер ги погоди Курилските острови, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC).

Земјотресот е регистриран во близина на градот Јужно-Курилск , во копното на најголемиот остров, каде живеат околу 6.000 луѓе, нешто пред 14 часот по европско време.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 152 километри.

Засега нема предупредувања за цунами.