Силен земјотрес почувствуван во Скопје и низ делови на Македонија.
Според последните информации епицентарот е во населбата Илинден, а јачината според првичните информации е 3,9 степени. Земјотресот бил на длабочина од 1 километар, и тоа е причината што се почувствува толку силно во главниот град и околината.
Еве каде точно е епицентарот на земјотресот. Тоа е меѓу населбите Драчево и Илинден.

Утрово во 5 часот во нашата земја имаше уште еден земјотрес со јачина од 2,7 степени со епицентар во околината на Маврово.
