Силен земјотрес на Сицилија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денес на Сицилија во Италија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри, на 14 километри од Катанија и на 154 километри од Палермо.

Засега нема извештаи за штети.