Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала, е регистриран во 13:43 часот по локално време во околината на градот Бурса, во северозападна Турција. Се почувствувал и во азискиот дел од Истанбул.
Според турските медиуми, земјотресот бил почувствуван и во Чанаккале, Коџаели и Балакешхир.
Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи, соопшти дека епицентарот бил во областа Нилуфер во Бурса, на длабочина од 9,47 километри.
Градоначалникот на Истанбул Мустафа Бозбеј изјави дека засега нема пријави за материјални штети.
