Силен земјторес ја погоди Индонезија, засега нема информации за жртви

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силен земјторес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала, ја погоди Индонезија. Индонезиската агенција за геофизика соопшти дека засега нема опасност од цунами поради земјотресот кој се случил на длабочина од 49 километри.

Индонезија се наоѓа на сеизмичко активно подрачје, и таму се чести земјотресите проследени со цунами.