Во тишината на овој ден, боите што ги впиваме во велигденските јајца се израз на животот што победува и на надежта што се обновува, напиша на социјалните мрежи, претседателката Гордана Силјановска Давкова.
„Чинот на вапцање е не само обичај, туку и момент на семејна блискост, сплотеност и духовна подготовка за најголемиот христијански празник.
Со достоинство, смирение и љубов, го очекуваме Христовото воскресение!“ – истакна Давкова.
