Гордана Силјановска-Давкова, кандидатката за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва од Охрид побара поддршка од граѓаните за победа на претседателските избори.
„Без Охрид, Македонија нема да биде почитувана. Оваа власт не знае што е култура, за неа културата е бизнис. Ова се избори дали Македонија како твоја и горда, навистина ќе биде про-европска, затоа што ако Македонија не е твоја и не е горда, не може да биде ниту европска држава. ЕУ е единство на различностите. А, ние со културата, со образованието, со традицијата на почит кои ги дадоа животот, за првиот, вториот и третиот Илинден, можеме и мораме да зачекориме во четвртиот Илинден. А, тоа ќе значи република која ќе биде европска држава. Ова е момент за историја, мора да сме заедно, никогаш повеќе не ни била потребна вашата поддршка, без вас Македонија не може да биде горда. Без вас нема да можеме да дојдеме до победа. Ви веруваме.“, изјави Силјановска-Давкова.
