Претседателката Гордана Силјановска Давкова застана зад барањата на судиите за нивното финансирање. Таа на конференцијата на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа што се одржа во земјава истакна дека без финансиски средства не може да има независно судство.
-Не зборуваме ние само за платите на судиите на јавните обвинители. Ние говориме за многу важна логистичка поддршка во работата на судството па и на Судскиот совет и на другите институции. Значи, останувам дека во право се сите во судството и во останатите правосудни институции дека без финансиски средства не може да се има и независно судство и не само тоа туку и ефикасно и ефективно судство, изјави претседателката Гордана Силјановска Давкова.
