Силна експлозија во близина на музеј во Холандија, се претпоставува дека станува збор за грабеж

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во близина на музејот Дренц во холандскиот град Асен дошло до експлозија која може да се поврзе со обид за грабеж, соопштија утрово властите.

Властите се уште не потврдиле дали нешто е украдено, пишува NL Times.

Експлозијата се случила утрово околу 3 часот и 45 минути и во таа прилика биле оштетени неколку згради.

Полицијата, која сè уште не уапсила ниту еден осомничен, и повика сите оние кои виделе нешто, да пријават во најблиската станица.

Полицијата ја пребара областа по експлозијата, собирајќи докази и барајќи индиции.

Не е јасно дали еден или повеќе сторители учествувале во инцидентот.

Музејот Дренц моментално организира голема археолошка изложба насловена „Dacia – Rijk van goud en zilver“ (Дачија – Кралство на златото и среброто).

На изложбата се претставени повеќе од 50 златни и сребрени богатства од античкото кралство Дачија, кое се наоѓало на територијата на денешна Романија, а кои датираат од 20 век п.н.е. до 3 век од нашата ера.