Силна експлозија во челичарница во Измир, Турција: Тројца загинати, десет заробени под урнатините

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Експлозија се случила околу пладне во челичарницата „ХАБАШ“ (HABAŞ), во населбата Алиага во Измир. По експлозијата избувнал голем пожар, а густ столб чад се издигнал кон небото.

Според локалните власти, загинале три лица, а 14 се повредени, од кои тројца се во тешка состојба. Спасувачките екипи работат на извлекување на десет лица за кои се верува дека се заробени под урнатините.

Според првичните информации, при истурање на растопен челик попуштил надземен кран и паднал во печка, што ја предизвикало експлозијата.