Силна експлозија во шопинг центар во руски Владикавказ, има загинати и повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силна експлозија се случи во трговскиот центар „Аланија“ во Владикавказ, Русија, при што едно лице загина, а девет се повредени, јавуваат руските медиуми. Според првичните информации, експлозијата била предизвикана од насобирање на гас во објектот.

Експлозијата се случила на последниот кат од трговскиот центар и предизвикала значителна штета на зградата. Очевидци велат дека од силината на експлозијата биле скршени прозорци, додека над центарот се издигал густ чад. Безбедносните сили брзо пристигнале на местото на несреќата, а зградата била опколена за истрага.

Според очевидци, повредени се и лицата кои биле во зградата и оние кои биле во близина. За жал, загина 57-годишна жена, која работела како чистачка во трговскиот центар и дошла на работа пред да отвори. Повредените се пренесени во блиските болници, а лекарите ја пружаат неопходната медицинска помош.