Силни глечери, тиркизни езера и најголемите водопади: Добредојдовте во норвешкото кралство на природата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Само една фотографија беше доволна за да се за вљубиме во норвешкиот град Стрин.

Сместен e на југот на Норвешка во лавиринт од острови, полуострови, заливи, реки и национални паркови.

Составен e од неколку мали села, а оваа општина има свој центар во истоименото село Стрин и главниот начин на заработка тука е добиток, одгледување овошје и зеленчук, шумарство и секако туризам.

Тука живеат околу 7.000 луѓе. Туризмот е развиен овде од средината на 19 век, a локалното население години наназад ја негува традицијата да биде домаќин на посетители од целиот свет.

Низ селото тече реката Стринелва, а нејзиното име потекнува од името за „силен извор“, и ако барем виртуелно прошетате низ местото, ќе разберете зошто. Сè е во знакот на кристално чиста, тиркизна вода.

Пејзажот го одзема здивот. Посебен водопад е Рамнефејелсфосен, кој е еден од најголемите водопади во светот. Се состои од четири меѓусебно поврзани водопади, од кои највисокиот е 405 метри, и заедно формираат еден голем водопад од дури 818 метри.

Стрин, исто така, може да се пофали со најголемата шума со липа во северна Европа и блискиот Национален парк Јостедалсбрин кој има еден од најголемите глечери во Европа, величествениот Јостедал. Само глечерите привлекуваат скоро половина милион туристи годишно.

Оваа област е исклучително популарна меѓу љубителите на скијањето. Летниот ски-центар Стрин се наоѓа на 1.065 метри надморска височина и е едно од најпопуларните скијачки центри во северна Европа.

Покрај тоа, ски-центарот е дел од патеката Гамле Стринефјелсвеген. Изградена е кон крајот на 19 век и денес се смета за ремек-дело на инженерството и изградбата на патишта.

Ова село со норвешки стандард, поседува патишта, продавници, кафулиња, ресторани, музеи, хотели.

Но, сè е подредено на околината, затоа немојте да бидете изненадени кога ќе видите кози или овци некаде покрај патот. Тие се таму во нивната секојдневна прошетка, а вие сте само гостин. Полека, замавнете со раката кон нив и немојте да бидете изненадени – тука владее природата.