Силни земјотреси со јачина над 5 степени ги погодија Канада и Доминиканска Република

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рано утринава, земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Канада. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресот бил регистриран во 6:37 часот во областа на островот Ванкувер. Хипоцентарот се наоѓал на длабочина од приближно 10 километри под земјината површина.

Исто така утрово силен земјотрес со јачина од 5,4 степени го потресе брегот на Доминиканската Република. Според EMSC, потресот се случил на 81 километар од Пунта Кана, со епицентар на длабочина од осум километри.

Засега нема информации за материјална штета или повредени лица. Надлежните служби внимателно ја следат состојбата.