Силно невреме во Србија, летовите од Белград откажани, доцни авионот и до Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

После топлотниот бран, во Србија стигна силно невреме кое донесе заладување на температурата од 20 степени.

Во Белград и Нови Сад се забележани неколку штети од паднати дрви, бандери и срушени кровови. Во Белград се урна кран во едно градилиште. Во Нови Сад паѓаше и силен град, кој оштети неколку возила.

Минитерството за внатрешни работи претходно издаде предупредување за силно невреме, и ги предупреди граѓаните.

Во Белград е затворен аеродромот „Никола Тесла“ и во моментов се сопрени сите полетувања и слетувања. Авионот кој од Белград до Скопје требаше да слета во македонскиот главен град во 14:35, ќе доцни повеќе од еден час, бидејќи уште не е полетан од Србија.