Симовски: Невозможно е да се вклучи администрацијата во пописот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во „10 МИНУТИ“ на ТВ21 посочи дека не е возможно да се вклучи администрацијата во пописот како што бара опозицијата.

„Невозможно е да се вклучи администрацијата во пописот. Имавме таков случај во 2011 година и знаеме што се случи со тоа, администрацијата си има сосема друга функција и не може да биде попишувач“, посочи Симовски.