Симовски: Пописот ќе биде по сосема нов метод, ќе оди преку електронски прашалник

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во „10 МИНУТИ“ на ТВ21 посочи дека пописот ќе биде спроведен по сосема нов метод во нивната практика.

„Пописот ќе биде по сосема нов метод во нашата практика, не е нов во светот. Истовремено ќе се прашува на терен, ама ќе се користат и податоци коишто ги имаме задржани во базата на податоци коишто постојат во државата, тука мислам на официјалните бази на податоци. Пописот нема да оди на хартиени прашалници туку на електронски прашалник“, истакна Симовски.

Тој вели дека опозицијата барала тој прашалник да има дупликат од секој што ќе даде податоци.

„Тоа не е по ниеден закон за пописи и никогаш во практика, во ниту една земја ни се случило, ни па смее да се случи да се остават такви податоци на лицето“, додаде Симовски.