Синдикатот на протести против Владата – минималецот нема кој законски да го утврди, ниту да го потпише

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сојузот на синдикати на Македонија на 2.април ќе протестира пред институциите бидејќи Владата, според нив, донесе незаконска одлука за утврдување на покачувањето на минималната плата во висина од 1.812 денари. Според првиот човек на Синдикатот, Слободан Трендафилов, во Законот за минимална плата јасно стои како се носи одлуката и дека не е точно она што го кажа заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

„Но законот што предвидува, став 5 од член 4 на Законот за минимална плата, вели министерот за труд и социјална политика, по претходно мислење на Економско социјалниот совет, ја објавува висината на минималната бруто плата, усогласена согласно Ставот 1.“, вели Трендафилов.


„Апсолутно е законска и сметам дека понатаму е оставен простор во тој дијалог социјален каде што е трипартитен, владата, работодавачите и синдикатите, доколку се договорат овие репрезентативни синдикати, ние тоа да го испочитуваме како влада.“, изјави Марјан Ристески.

Синдикатот најави дека во вторник седницата на проширеното раководство на ССМ ќе почне во 12.05, гласањето ќе се случи пред владата, а ќе се протестира и пред други институции. Трендафилов со остар напад врз пратениците дека со земениот двонеделен одмор дозволуваат ем да не се расправа за нивното барање за минимална плата зголемена за 6.000 денари, ем да не се смени Законот во кој се уште стои дека минималецот го потпишува Министер за труд и социјалана политика, нешто што во реалноста не постои.

„Денеска е последниот работен ден кога можеа да го направат тоа и за жал не го направија тоа, бидејќи пратениците, кои имаат право на трошоци за превоз, кои имаат евтино бифе, кои имаат 79% веќе зголемени плати, тие одлучија да не работат, односно со тоа и да работат на штета на работниците. Не менувањето на Законот за минимална плата и не давањето на надлежност на министерот за економија и труд, согласно Закон, да може да објави минималната плата“, рече Трендафилов.

Инаку, до оваа какофонија околу законското усогласување на минималната плата се појави откако Владата ги повлече членовите на Комисијата за утврдување на членовите на ЕСС, па пред десетина дена назначи нови, по што дури денеска оваа Комисија почна со постапката да утврди кој синдикат може да биде дел од Советот. Во моментов ЕСС е нефункционален поради тоа една од трите страни нема претставник. ССМ обвини дека продолжуваат притисоците од Владата и од ВМРО ДПМНЕ врз нивните членови за да го напуштат синдикатот.