Сиромашни трпези за новогодишните празници – цените до небо, граѓаните го купуваат само најнеопходното

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ваква е атмосферата на Зелен пазар во Скопје, ден пред дочекот на новата година.

Граѓаните размислуваат двапати пред да пазарат, бидејќи како што велат, цените се повисоки, па така масите оваа новогодишна ноќ нема да бидат богати како досега.

Трговците велат дека нема луѓе како порано, додавајќи дека купувачите купуваат помали количини производи за разлика од претходните години.

„Не, многу слабо. Годинава продажбата е слаба. Во време на пандемијата беше 100% подобро од годинава“.

-Како се движат цените?

„Оваа цена беше и во пандемија, и сега, 20-25 денари, нема промени, само кај јаболката“.

Советникот за енергетика во Владата, Виктор Андов вчера изјави дека со намалувањето на цената на струјата граѓаните ќе очекуваат од февруари идната година да се намалат и цените на услугите што ги даваат малите и средните претпријатија.