Зиадин Села не е против идејата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за формирање на сеопфатна коалиција на албанските политички партии, но да нема ниту една македонска партија. Поканет во Клик Плус, претседателот на Собранието на АА, изјави дека тој лично е премал за да каже не на оваа, како што ја нарекува, голема идеја.
„Идејата за коалиција на целиот албански политички спектар, колку што слушнав, во заедничка изборна листа. Целиот албански политички спектар, сите партии што се создадени. Колку и да изгледа утопично, за мене е во ред. Зиадин Села е премал за да каже не на таква идеја ако има голема идеја внатре и не верувам дека АА ќе каже не“, вели Зијадин Села.
Но, дали Села би го поддржал Таравари, доколку тој направи коалиција за соработка со опозициските партии, Демократското движење и Движење Беса?
„Ако продолжиме со ваква авантура, можеме само да испратиме порака дека сакаме да не изневеруваат, ништо друго. Значи, овој народ не ја научи лекцијата, ќе бидат во право. Велам дека досегашното искуство покажа дека ние подаваме рака и згрешивме“, додаде Зијадин Села.
Но, што вели опозицијата? Дали би ја прифатиле и Алијансата за Албанците во опозиција?
„Остануваме отворени за соработка со Алијансата за Албанците и не само. Ги повикуваме и невладините организации, независните интелектуалци, сите што сакаат промени во албанскиот табор“, порача Изет Меџити.
„АА и Таравари мора да го разјаснат својот став, дали ќе продолжат да останат во владата на Али Ахмети или ќе се позиционираат кај опозицијата. Како опозициски фронт, ние сме отворени за соработка со АА доколку го сменат ставот за да останат во владата на криминалот и корупцијата“, вели Абдуш Демири.
А токму Таравари изјави дека најдоброто нешто за Алијансата за Албанците ќе биде да излезат сами на следните избори и да не бидат дел од било каква коалиција со другите партии.
