Сите ги отвораат границите, кога Македонија? – „Утре ќе дискутираме на состанокот на Комисијата за заразни болести“, вели Филипче

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Секој ден се зголемува притисокот кон Северна Македонија за отворање на границите поради тоа што државите од регионот објавуваат датуми за нивно отворање. Србија ги отвори границите со Северна Македонија, Косово и Црна Гора, од 1 јуни се очекува тоа да го направи и Албанија.

Кого се очекува истото да го направи и Северна Македонија ќе се дознае утре на состанокот на Комисијата за заразни болести, рече за ТВ21, министерот за здравство, Венко Филипче.

„За границите ќе разговараме на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести“, вели Филипче.

Освен нашата држава, датум за отворање на границите не објави ниту Бугарија. Известувачот на РСМ во ЕП, Илхан Ќучук во ексклузивно интервју за ТВ21 рече дека се очекува Бугарија отворањето на границите да го направи во координација со ЕУ, но смета дека отворањето на границите треба да се направи согласно интересите и епидемиолошката ситуација на самите држави.

„По однос на прашањето на отворање на границите, Бугарија поддржува координирана одлука, заедно со Европската унија. Многу е важно, таа грешка која беше направена на почетокот на кризата, секоја одделна држава да дејствува според сопствените интереси, да ни биде овозможено повторно. Да има јасна стратегија за тоа, комисијата не може да налага правила, не може да кажува на членките што точно да прават, но може да кажува според епидемиолошката ситуација и тука имаат предност здравјето на граѓаните во државата и преземањето на мерките“, истакна Илхан Ќучук.

Бугарија за ова прашање и за тоа како да се излезе од криза, грижејќи се за животот и здравјето на граѓаните, почна преговори со Србија, Грција и Романија.

Грција и Северна Македонија следат заеднички протокол. Министерот Филипче најави дека отворањето на границите „веројатно ќе се случи кон средината на јуни“. И Косово најави отворање на границите кон средината на јуни. Границите беа затворени на 16 март поради мерките за спречување на проширувањето на пандемијата на корона вирусот.