Сите термонцентрали произведуваат струја, ставен во функција и блокот 3 на РЕК Битола

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сите термоцентрали во земјава се во функција и произведуваат електрична енергија, ова е реткост, рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, кој додаде дека и третиот блок на РЕК Битола е приклучен на мрежа.

Министерот за економија, Крешник Бектеши рече дека за помалку од една година сите енергетски капацитети се ставени во функција.

Блокот 3 на РЕК Битола повторно е приклучен на мрежа по 366 дена, откако во ноември 2021 новиот трансформатор беше оштетен од пожар предизвикан од надвор. Стариот трансформатор е на поправка во специјализирана фабрика за тоа во Србија.