Учесниците на конгресот на СДСМ во скопскиот хотел „Александар Палас“ потпишале изјави дека во изминатите 15 дена не патувале во загрозените и кризни подрачја каде се шири смртоносниот коронавирус.
„Ги почитуваме владините препораки. Сите делегати пред да ги добијат материјалите за конгресот потпишаа изјава дека не патувале во подрачја загрозени од коронавирусот. Годинава, исто така, немаме гости од странство, како што беше пракса досега“, одговори Љупчо Николовски на поставено новинарско прашање зошто не се почитуваат препораките да не се одржуваат јавни собири.
