Скопје без депонии? – Уште 20 дена за ветувањето на Арсовска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Речиси секој ден се пали оваа дива депонија во скопско Шуто Оризари.

Оваа и многу други депонии можат да се видат низ градот, особено  на периферните места. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во изборната кампања вети дека меѓу првите работи што ќе ги направи, ќе биде чистењето на депониите во Скопје и околината  и тоа за 80 дена.

Останаа уште 20 дена за Арсовска да го исполни ветувањето за чистење на депониите во рок од 80 дена. Но на терен не може да се види машинерија за чистење.

„Ова е најголемата депонија во Град Скопје која се наоѓа во Шуто Оризари. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во изборната кампања вети дека во првите 80 дена ќе ги исчисти сите диви депонии во главниот град, односно тоа значи до 20 јануари“, истакна репортерот на ТВ21.

Од Град Скопје побаравме одговор кога ќе се чисти депонијата во Шуто Оризари но не добивме одговор.

Депониите и натаму се тука, дури и  се палат   во време кога Скопје се соочува  со загаден  воздух во т екот на зимата. Пред два дена нивото на ПМ честички беше  алармантно.

Во предлог буџетот на Град Скопје  се предвидени 29 милиони денари за чистење на депониите и реките, но не се спомнува чистење на депонијата во  Шуто Оризари.