Скопје – европска престолнина на културата 2028, се очекуваат милиони посетители и трансформација на градот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Скопје е прогласено за Европска престолнина на културата за 2028 година, престижна титула што ја доделува Европската Унија на градови со висок културен потенцијал.

Според министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, овој проект се очекува да донесе до 8 милиони странски посетители, но бара голема подготовка и развојна стратегија, особено во културниот и еколошкиот аспект.

Во меѓувреме, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека приоритет останува подобрувањето на клучните проекти како Скопската тврдина, Скопскиот аквадукт, Старата скопска чаршија и Универзалната сала, со цел градот да биде претставен на најдобар можен начин.

Во текот на 2028 година се очекуваат стотици културни настани, вклучувајќи меѓународни фестивали и изложби, со што Скопје ќе се позиционира како важен културен центар во регионот.