Скопје денеска го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето. Новата градоначалничка, Данела Арсовска за првпат положи цвеќе пред споменикот на ослободителите, рече дека Скопје ја слави слободата благодарение на оние кои го жртвувале својот живот за во него да живеат среќни луѓе.
Претседателот на Сојузот на борците, Наум Буревски, истакна дека Скопје е ослободено од своја армија организирана во единици со свои војници и команданти. Говорејќи околу политичката состојба во земјава, Буревски ги повика партиите да се издигнат над политичките сфаќања и заеднички да ја градат иднината.
На 13 ноември 1944 година, борците од 42 и 50 Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација.
