Скопје и Тетово рекордери по активни случаи – Кавадарци, Охрид и Гевгелија најзаинтересирани за вакцинација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Слаба заинтересираноста на граѓаните за вакцинирање, покажуваат податоците што ги објави Министерството за здравство. Досега се аплицирани вкупно 747.728 вакцини, а ревакцинирани се 284.680 граѓани. Изразено во проценти, околу 27% од населението примиле барам една доза од некоја од вакцините против Ковид-19. Последните анализи велат дека највисок процент на вакцинирани граѓани има во Кавадарци и тоа 43.5%. Најмалку вакцинирани граѓани има во Дебар, Тетово и Кичево.

ОПШТИНИ СО НАЈГОЛЕМ БРОЈ ВАКЦИНИРАНИ:
-Кавадарци – 43.5%
-Охрид – 42.9%
-Гевгелија – 41%

ОПШТИНИ СО НАЈМАЛ БРОЈ ВАКЦИНИРАНИ:
-Дебар – 17.3%
-Тетово – 17.1%
-Кичево – 15.8%

Министерот Венко Филипче, вели дека Северна Македонија нема некоја голема разлика во однос на земјите од регионот кога станува збор за процесот на имунизација. Од минатата недела почна и вакцинацијата без закажан термин, а од вчера и имунизацијата на децата од 12 до 17 години. Од МЗ информираат дека се вакцини 500 адолесценти. Досега вкупно 1.800 деца се пријавиле за да ја примат вакцината.


Во изминатово деноноќие од вкупно 3.219 тестирања, регистрирани се 21 нов случај на Ковид-19, и тоа: во Скопје -8, Тетово – 4, Куманово и Гостивар – по 3, Кавадарци, Кочани и Кичево – по 1.
14 пациенти се излекувани, додека 56-годишен скопјанец кој се лекувал во болнички услови, ја изгубил битката со вирусот. Вкупниот број на активни случаи е 226, а на врвот на листата со најголем број активни остануваат Скопје и Тетово.