Скопје има 9.692 активни случаи на Ковид-19, најмногу во Гази Баба и во Аеродром

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од 1.237 нови случаи на Ковид-19 во Македонија, 506 случаи се во Скопје.

Главниот град има речиси 50% од заразените при секој извештај.

Активни случаи во Скопје се во моментов 9.692, а по општини најмногу има во Гази Баба 1.437 случаи, додека нешто помалку има во Аеродром (1.410). После нив следува Карпош со 1.201 случај, додека Кисела Вода и Центар имаат 1.195, односно 1.175.

Најмалку има и натаму во Арачиново – 34 случаи.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 607• Гази Баба – 1437• Аеродром -1410• Карпош – 1201• Центар – 1175• Кисела Вода – 1195• Ѓорче Петров – 791• Бутел – 534• Шуто Оризари – 165• Студеничани – 51• Сарај – 139• Арачиново -34• Илинден – 249• Сопиште – 63• Чучер Сандево – 106• Петровец –117• Зелениково -68• Странец – 171• Нераспределен- 179