Скопје ќе биде Smart City и дигитализиран – Шилегов открива што тоа значи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов во „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека за Smart city е завршен тендерот и отворени се понудите.

„За Smart city е завршен тендерот, отворени се понудите, во фаза се евалуација на понудите и мислам дека до нова година ќе биде целосно завршен и ќе започнеме со негова имплементација“, вели Шилегов.

Тој посочува дека градот ќе биде сериозно дигитализиран.

„Градот ќе биде сериозно дигитализиран и со различни апликации којшто ќе бидат од помош и за асистенција на граѓаните од средина на наредната година“, порача Петре Шилегов.