Затворени кафулиња.
Мал број граѓани излезени на прошетка.
Од 1 јануари недела е неработен д ен за многу дејности. Тие што ги сретнавме во центарот на градот не се согласуваат со ова. Велат дека Скопје станал мртов град и немаат каде ниту утринското кафе да го испијат.
Други сметаат дека “Недела, неработен д ен“ не е добра ни за туристите.
Работодавците кои нема да го почитуваат законот ќе се соочат со забрана за работа во рок од 15 дена и кривична пријава. Од институциите најавија дека казните за прекршителите кои ќе работат во недела ќе б идат високи. Синдикатите законот го оценија како прифатлив но имаат забелешки дека се потребни поголеми механизми за заштита на работниците.
