Вака изгледа Скопје од Средно Водно. Целосно е покриено од магла а градот денеска е на 7 место во светот по загадувањето. Поради ваква состојба, за децата и старите лица се препорачува да избегнуваат излегување од дома.
Граѓаните се жалат и бараат властите итно да преземат мерки.
Премиерот Мицкоски рече дека единствениот начин за намалување на емитувањето на штетни честички е промена на начинот за греењето на домвоите од ноември до март. За тоа да се случи, според премиерот, потребно е да се изгради термоцентрала со гас.
Инаку според податоците на „Ај Кју Ер“ која го набљудува квалитетот на воздухот на глобално ниво, Скопје моментално е на 7-то место, со индекс од 172, при што воздухот е карактерзиран како „нездрав“.
Загадувањето во Скопје се зголемува повеќе со комбинирање на горива за греење со низок квалитет, индустриските емисии и зголемениот сообраќај собраќај.
